070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

24 Aug

Врв Радуч (2.083 мнв), Јабланица   August 24, 2019   Планинарство

На 24 август 2019 го искачивме врвот Радуч, планински врв и засебен гребен на планината Јабланица, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.083 метри. Се наоѓа во крајниот северен дел на планината Јабланица по протегањето на нејзиниот срт, но е одделен од главното планинско било со длабоката долина на Лакавичка Река, поради што тој претставува засебен гребен поврзан со планинскиот масив кон југ. Радуч претставува најсеверниот врв на Јабланица, од кој започнува да се протега главниот планински срт во јужен правец, а од самиот врв има глетка на Охридското и Дебарското Езеро, планините Стогово и Караорман и високите врвови Стрижак и Црн Камен на Јабланица. Во рамки на турата беше поставена табла - спомен обележје во чест и спомен на планинарот Перо Атанасов - Црна Стрела. Маршрута на акцијата: Модрич - врв Радуч – Дренок. Фотографии на Кирчо Топуков и Лазо Димитров.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција