070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

06 Oct

Бистрички Врв, Шар Планина   October 06, 2019   Планинарство

На 06-ти октомври 2019, ја започнавме четвртата сезона на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“ со искачување на Бистрички Врв познат и како Бистра, Бистрица, Гужбаба и Елема на Шар Планина. Врвот се наоѓа на главниот срт на протегање на Шар Планина, во нејзиниот североисточен дел каде се соединуваат гребените Коњушка кон запад и врвот Пескови кон исток во пределот наречен Шар), на самата државна граница помеѓу Македонија и Косово. Патеката на движење се одвиваше по маршрута: туристички центар Превала (1500 м.н.в.) - Јажинско Езеро (2180 м.н.в.) - Бистрички Врв (2572 м.н.в.). На акцијата беше искачен и врвот Пескови (2601м.н.в). Фотографии на Пеце Иванов, Маја Бојаџиева, Сибел Јакуповиќ, Зоран Тодоровски.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција