070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

11 Oct

BALKAN CHAMPIONSHIP IN MOUNTAINEERING ORIENTATION - BMUMOC 2019   October 11, 2019 - October 13, 2019   Ориентација

Од 11 до 13 Октомври 2019 на планината Игман во Босна и Херцеговина се одржа Балканско Првенство во Планинарска ориентација BMUMOC 2019. Меѓународен натпревар кој се одржува четврта година по ред. Првиот натпревар беше одржан во 2016 година во Покљука - Словенија, вториот натпревар беше одржан 2017година во Рајац – Србија, третиот по редослед натпревар се одржа во Септември 2018 во Охрид, на падините на планината Галичица а домаќин на натпреварот беше ФПСМ. На Игман, Македонската репрезентација ја претставуваа 2 екипи во категорија Ветерани, 2 екипи во категорија Сениори и 1 екипа во категорија Јуниори. Во целокупниот пласман тимот на Македонија го освои третото место. Највисоко пласирана беше екипата на Ветераните која освои второ место. Во натпреварот учество земаа натпреварувачи од Балканските земји. Планинарски Ориентационен натпревар претставува натпревар во кој треба да се истакнат знаењата и вештините за брза и успешна ориентација, движење и снаоѓање во просторот на непознат ридест или планински терен, преку употреба на топографска карта и компас од страна на натпреварувачите. Планинарските ориентациони натпревари се екипни (мин. три члена) и вклучуваат употреба на комплетна планинарска опрема. Екипите се натпреваруваат во четири категории Пионери, Јуниори, Возрасни и Сениори, независно од полот на кандидатите. Натпреварувачите го покажаа своето знаење на ноќно и дневна планинарска трка, тестирање на знаењата во давање на Прва помош, користење на Јазли, тестирање на општото знаења од Планинарство, Ориентација и Топографија.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција