070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

03 Nov

ФОЈНИК на Сува Гора (1421 м.н.в.)   November 03, 2019   Планинарство

На 03.11.2019 околу 90 планинари и предизвикувачи го искачија вториот предвиден врв во четврата сезона на планинарскиот предизвик „12 Врвови“ - врвот Фојник висок 1421 метар, сместен на најугоисточната огранка на Сува Гора надвиснувајќи се над долината на Треска и вештачкото езеро Козјак во Порече. По прилично долгото патување од Скопје, групата го започна своето искачува од некогашното село, а денес викенд населба Близанско на левиот брег на заезерената Треска. По вистински есенски временски услови со слаби дождец и магла, групата започна со искачување по стрмната источна падина. За околу 2 и пол часа беа искачени 1000 метри висинска разлика и првите планинари пристигнаа на врвот Фојник кај црквата Св. Преображение. И покрај неповолните услови со засилен ветер, слаб дождец и магла, сепак се отвораше глетка кон езерото Козјак, долината на Треска и околните планини. На спуштањето по јужната падина над селото Брест беше изведена потрагата по скриеното богатство каде натпреварувачите пронајдоа 3 книги и 3 пакет производи од нашите помагатели Книжарница Три и Allga San. Застанувајќи во селото Брест од чија продавница беа земени доста пива за закрепнување, поради неповолните временски услови и краткиот ден со малку време на располагање, движењето кон Самоков беше пренасочено наместо по обележаната патека преку гребенот Габроица и Јама по асфалтниот пат. Пристигнувајќи во Самоков, учесниците беа почестени со вкусно гравче, чај, сливова ракија од нашите до


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција