3-221-350

Извештај од акција

23 Nov

Врв Тепе на Буковиќ 1528 мнв   November 23, 2019   Планинарство

На 23.11.2019г. со маршрута на движење превој Стража (1212 м.н.в.) - гребен Крастица (1387 м.н.в.) - врв Тепе (1528 м.н.в.) - дол Вргички Присој - Поилиште - траса на теснолинејската пруга на вовчето „Ќиро“ - село Горна Ѓоновица (840 м.н.в.) - пештера Убавица (800 м.) - Рибник (730 м.) - Ѓоновички мост (650 м.н.в.) беше повторена една од акциите во рамки на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“. На планината Буковиќ ја повторивме акцијата за искачување на врвот Тепе висок 1528 м.н.в. и воедно ја искористивме приликата да ги поставиме ново изработените патоказни табли во рамки на проектот за обележување и поставување на патоказни табли како туристичка-информативна инфраструктура на 2 планинарски патеки воспоставени во програмата на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“. Пештерата Убавица која е дел од оваа акција претставува атракција која плени со својата убава внатрешност, водопад и водотек на бистра и студена вода. Оваа акција е со средна тежина, се изминуваат 16,6 километри со вкупно времетраење околу 7 часа. Фотографии на Пеце Иванов.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција