070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

01 Dec

Врв Бајрак (1527 м.) на Караџица   December 01, 2019   Планинарство

01ви Декември 2019 година, ден резервиран за планина и искачување на врв со интересно име, врвот Бајрак позициониран на северниот дел на планинскиот масив Мокра на пределот помеѓу неговите планински огранки Караџица и Китка, во срцето на областа Торбешија , јужно до градот Скопје. Овој врв кој речиси сите сме го гледале од различни страни, од планинарскиот дом „Караџица“, од Убава и Салаковски Езера, од Китка и Преслап, од Празни Торба, но малкумина сме го искачиле и посетиле е дел од планинарскиот предизвик “12 Врвови”! Голема група на планинари уживаа во лесната тура: ЦВЕТОВО – Врв БАЈРАК – ДРАЧЕВИЦА со маршрута на движење: село Цветово (830 м.) - чешма под гребенот Планинче (1010 м.) - месност и чешма Лениште (1106 м.) - Темна Бука (1267 м.) - Крст (1398 м.) - врв Бајрак (1527 м.) - гребен Слани Крст (1155 м.) - Преслап (786 м.) - чешма во месноста Врлева (650 м.) - рид Каменик (614 м.) - село Драчевица (488 м.) Во акцијата беа изминати 14 километри со околу 7 часа пешачење. Фотографии на Војислав Гушевски, Љупчо Јовчевски, Пеце Иванов, Зоран Тодоровски, Кирчо Топуков, Сандра Темковска.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција