070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

08 Dec

Светски ден на планината   December 08, 2019   Планинарство

Светскиот ден на планината во организација на ФПСМ се одбележи на 08 декември 2019 година. Традиционално секоја година ФПСМ се придружува кон одбележување на овој ден, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот. На овој настан учество земаа голем број на планинари и планинарски друштва од целата земја како и љубители на планината. Во рамки на настанот беше доделена и престижната планинарска награда “Даре Џамбаз – 2019 година” која е наменета за планинари и планинарски друштва кои имаат исклучителни планинарски достигнувања во 2019 год. Добитници на наградата “Даре Џамбаз 2019”: 1. Матео Ѓоргиев од ПД Чеплес - Велес се здоби со наградата Признание за млада надеж во планинарството. 2. На Цветан Павловски му беше доделена Плакета со ликот на Даре Џамбаз, за животно дело, за долгогодишна активност и придонес за развивање на планинарството во Македонија. 3. Плакета со ликот на Даре Џамбаз, за врвно спортско остварување во планинарството за 2019 година се додели на Александар Кирковски од ПК Македон-Скопје. 4. ПСК Бистра од Скопје, ја доби наградата Признание за долгогодишна активност од 60 години традиција и придонес за развивање на планинарството во Македонија. 5. Стоилко Стоичев од ПК Македон-Скопје и Луљета Адеми од ПСК Шкупи- Скопје се здобија со Признание за посебни достигнувања во планинарството, како лица со попреченост кои имаат достигнато врвни планинарски резултати.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција