070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

12 Jan

ПЕРЕН на Козјак (1326 м.н.в.)   January 12, 2020   Планинарство

НА 12.01. педесетина планинари и предизвикувачи по убаво и идилично снежно време го искачија четвртиот предвиден врв во четвртата сезона, Перен висок 1326 метри на планината Козјак дел од масивот Козјак-Герман-Билино кој е и пределната граница помеѓу Кумановско и Кривопаланечко. Со мали измени од првично зацртаната и потоа обележаната патека, групата започна да се движи од ширината пред мегалитската опсерваторија Кокино и минувајќи низ селото Арбанашко започна да се искачува кон гребенот на врвот Перен. Како што се движеше групата, на нејзина општа радост и задоволство, времето започнуваше се посилно да снежи со крупни снегулки како партали, при што снежната покривка достигнуваше и до над 20 центиметри. Слегувајќи на преслапот веднаш источно под врвот Перен, бевме пречекани со вкусен топол планински чај од планинарот Белчо кој тука гради своја викендица, по што по доста длабок снег продолживме во источен правец искачувајќи го гребенот Овчарски Гроб, достигнувајќи до гребенот Табла од каде свртевме кон исток и излеговме на од нас обележаната патека која води кон врвот Гоглин, кој го искачивме токму пред 2 години. Движејќи се низ снегот и достигнувајќи до поднжјето под врвот Гоглин, скршнавме и се спуштивме кон замрзнатото Отошничко Езеро над кое што ја завршивме турата во должина од 20 километри. По завршувањето на турата беше направена пригодна седенка во ресторанот „Ранч“ каде преку лотарија беа доделени награди (вино од „Кувин“ и книги) за неколку учесници и новоиспечатените календари од „12 Врвови“ за сите учесници. Слики на: Боибан Китановски


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција