070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

02 Feb

Врв 5/12: Кафчал на Лубен (1762 мнв)   February 02, 2020   Планинарство

На почетокот на месец февруари се искачивме на петиот врв во рамки на предизвикот "12 Врвови", врвот Кафчал на планината Лубен со глетки кон сите планини и врвови во западна Македонија! Кафчал e највисокиот врв на планината Лубен со надморска височина од 1.762 метри. Врвот се издига јужно од селото Цер, лево од патот кој ги поврзува Другово и Демир Хисар, а југоисточно од градот Кичево. Според својата местоположба врвот Кафчал го зазема средишното место во западна Македонија. Од неговата височина се добива глетка на сите страни во Западна Македонија. Од овој врв може да се забележат: Пелистер, Кајмакчалан, Караџица, Шар Планина, Галичица, Кораб и Бистра. На исток и север од врвот Кафчал и самата планина Лубен се протега Церско Поле кое претставува најголемо карстно поле во Македонија, додека на север на самото подножје и вовлечено во долина е сместено селото Цер, познато во историјата по битката која се одвила на 24 април 1905 година, кога војводата Христо Узунов и неговата чета по долга и нерамна битка со османлискиот аскер, се самоубиваат несакајќи живи да паднат во рацете на непријателот. Фотографии на Александра Стојаноска, Пеце Иванов и Трајче Галевски.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција