Изминатиот викенд на 15 и 16 Февруари 2020 год. членови на ДПС Трансверзалец реализираа акции за искачување на два помалку познати врвови во јужниот дел на Пирин, во околината на градот Гоце Делчев во Пиринска Македонија, врвовите Орелик (2099 м.н.в.) и Свеќник (1975 м.н.в.) во природниот резерват Орелјак - омиленото место за излет на „пиринскиот цар“ на Јане Сандански. Акциите беа изведена во соработка со нашите долгогодишни пријатели планинари од планинарските друштва “Бел Камен” – Радовиш, “Ентузијаст” - Струмица и “Еделвајс” – Струмица. Фотографии на Дејан Доцевски, Јоже Карловски и Жаклина Карловска