070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

31 May

Врв 7/12: Ченгино Кале на Малешевски Пл.   May 31, 2020   Планинарство

На 31.05.2020 на Малешевските Планини го искачивме врвот Ченгино Кале висок 1752 м.н.в. Овој врв ја претставува најисточната точка на територијата на Република Македонија, и воедно е одлика на прекрасните природни убавини на Малешевските Планини. Патеката не водеше меѓу двете мали природни езерца - Орлови Очи близу до врвот Ченгино Кале и водопадите на Равна Река во изворишниот дел на Брегалница.Почетокот на планинарската акција стартуваше од излетничкото место Равна Река кај Пехчево. Планинарска тура долга 20 километри во предели со обележани патеки. Согласно препораките за движење во планина (Препораките за движење низ планина согласно упатствата на ФПСМ) се одржа планинарската акција - Врв 7/12 од планинарскиот предизвик “12 врвови”: Ченгино Кале на Малешевски Планини. Фотографии на Кирчо Топуков.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција