070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

28 Jun

Врв 8/12: ОРЛИ ВРВ на КАРАОРМАН 1794 м.н.в.   June 28, 2020   Планинарство

На 28.06.2020 Трансверзалец го искачи врвот Орли Врв висок 1974 м. На Караорман планина која плени со своите убавини. Караорман ни понуди прекрасно искуство каде ги посетивме густите гори , каде се вгнездила првата слободна територија на Македонија во НОБ во славна Дебарца и Малесија, каде своја закрила нашле бројните партизански одреди на борците за слобода чии партизански споменици ги посетивме на оваа тура. Покрај прекрасните природни убавини на врвот Орли Врв до горе обраснат со густи буки го посетивме и малку познатото природно езеро во месноста Распаќе на неговото јужно подножје, „сокриено“ во густите шуми на Караорман. Планинарската акција стартуваше од охридското село Црвена Вода ,тура долга 15ина километри во предели со обележани патеки. Акцијата е дел од планинарскиот предизвик 12 Врвови. Акцијата се одвиваше согласно мерките и препораките за движење во планина. Прекрасни фотографии на Бобан Китановски.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција