070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

18 Jul

Пелистерска трансверзала   July 18, 2020 - July 19, 2020   Планинарство

На 18 и 19 јули 2020, група составена членовите на ДПС Трансверзалец - Пеце Иванов, Сибел Јакуповиќ, Зоран Костадинов, Војкан Недковски и Марио Шаревски изодеа трансверзален поход по протегањето на сртот на Пелистерската планинска верига од најјужниот врв Ржана или Бојаџиев Врв - 2331 до крајниот најсеверен врв Вртешка - 2010 м на Баба Планина во должина од точно 50 километри и вкупна искачена височина од 3156 метри. Движењето започна од с. Драгош близу јужната државна граница од каде за околу 5 часа се искачи Бојаџиев Врв или Ржана каде зафати невреме со силен дожд, град и некоја грмотевица по што двијежјќи се по главното планинско било крај сртот на протегање и врвовите Шкамби Руфес, Лош Камен, Муза, Голема Грива, Орлови Бари, Ветерница за уште 5 часа од кои 2 со силен дожд се пристигна до Големото Пелистерско Езеро. Под ведро небо и силно сонце, до гребенот Рбет заедно со планинарите Маја и Ивица Бојаџиеви кои беа упатени кон врвот Пелистер (Антени) групата го продолжи походот при што минувајќи зад Партизански Врв и Широко Стапало од планинското седло Два Гроба премина на огранката на главниот срт искачувајќи ги врвовите Голема Чука - 2179 м., Мала Чука - 2009 м. цело време одејќи со прекрасна глетка на Преспанското Езеро и завршувајќи со искачување на последниот врв Вртешка - 2010 м. од преубавото место кај црквата Св. Спас, од каде што походот заврши слегувајќи во селото Маловиште.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција