070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

21 Nov

Кабаш на Кораб   November 21, 2020   Планинарство

Кабаш е врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Македонија. Неговата височина изнесува 2.391 метар. Врвот Кабаш е сместен непосредно на југ над долината на Длабока Река, од каде тој има особено забележителен поглед кој со острата зашиленост преовладува со својата препознатливост со која доминира во просторот. Се одликува со многу голема стрмнина и зашиленост, а неговите стрмни јужни и северни падини се прошарани со многу стрмни тревнати кулоари и карпи кои достигнуваат до самиот врв, додека кон исток е поврзан со врвот Рибничка Скала, а на запад со врвот Црвен Камен (Гури Куј). Убавата „алпска“ глетка и големата стрмнина на неговите падини кои го прават доста тежок за искачување и во летни, а особено во зимски услови, му даваат особена привлченост на Кабаш, кој заедно со врвот Рибничка Скала се два најатрактивни и меѓу планинарите и алпинистите многу често посетувани и особено прочуени планински врвови на Кораб и во Македонија. Трансверзалец изведе пробивање на патека од јужната страна. Фотографии на Зоран Костадинов и Пеце Иванов.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција