070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

07 Feb

Врв 5/12: Мусица на Бушева Планина   February 07, 2021   Планинарство

Во рамки на Планинарскиот предизвика „12 Врвови“ на 07.02.2021 г. го искачивме врвот 5/12: МУСИЦА на БУШЕВА ПЛАНИНА (1791 м.н.в).

Ги посетивме јуначките гори и кории во кои се бореле македонсите комити во Илинденското Востание, на падините на Бушева Планина, над славното Крушево, на највисок врв Мусица или Стара Мусица висок 1780 м.н.в.

Трансверзална ТУРА: с.Пуста Река - МУСИЦА - манастир Св. Преображение - Крушево

Акцијата во должина од 15 км започна од селото Пуста Река расположено на 1130 м.н.в. од каде по час одење се излегува на планинското било кај крстот над селото, по што по уште 1,5 часа пешачење по сртот дојдовме до врвот Мусица (1791 м.н.в.) од каде што потоа по благ срт лесен за одење за уште 45 минути пешачење стигнувме до познатиот манастир Св. Преображние за чија изградба помагаше нашата поп-ѕвезда Тоше Проески, по што по уште 1 час стигнувме во Крушево

Планинарскиот предизвик 12 Врвови ни овозможува да допреме до најскришните места во Македонија.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција