070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

12 Jun

Лига во Планинарска и Спортска Ориентација   June 12, 2021 - June 13, 2021   Ориентација

Ориентација е спорт за сите - млади и стари, мажи и жени, рекреативци и професионалци. Спорт во кој се спојува физичката подготвеност на натпреварувачите и нивната ментална агилност.

На ден 12 и 13 Јуни 2021 година беа одржани натпревари во Спортска и Планинарска Ориентација на која учество земаа планинарски и ориентациони клубови. Планинарската Ориентација се одржа на локација Водно планина на 12 Јуни и вклучи Дневно и Ноќно натпреварување како и решавање на тестови од областа на планинарство, ориентација, топографија, метеорологија. Покрај екипите кои се натпреваруваа, учество во Планинарската ориентација земаа и Планинарските Водичи при ФПСМ. На 13 Јуни на локација Парк шума Гази –Баба Скопје се одржа еднодневно натпреварување во Спортска Ориентација. Натпреварувањата се бодуваат во Лигата во Планинарска и Спортска Ориентација.

Натпреварите ги организираше ДПС Трансверзалец- Скопје, поддржани од Федерација за Планинарство на Северна Македонија (ФПСМ) и се квалификациски за учество на Балканскиот Шампионат кој ќе се одржи во Р. Црна Гора 02-04 Октомври 2021год

Викенд исполнет со позитивна енергија, дводневно натпреварување, планинарски и ориентациони предизвици, уживање во ноќно логорување на Водно, дружење и забава.

Благодарност до Sara Fashion за поддршката на натпреварувањата и подароците за најуспешните Екипи и натпреварувачи. 


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција