070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

05 Jun

ЧАПАРЕЦ на Кораб (2119 м.н.в.)   June 05, 2021   Планинарство

На 05.06.2021, околу четириесетина планинари, предизвикувачи и љубители на планините и разбудената природа од Скопје, Демир Хисар, Ростуше, Битола, Тетово, искачија неколку врвови во недопрените предели и девствени гори по стрмниот срт на планинаската огранка во средишниот дел на Кораб. Започнувајќи од селото Грекај (Грекање) и одејќи низ густата шума од дабје, борови, брези и буки излегувајќи на тесниот срт и од шумата најпрвин, по исклучително многу стрмна тревната падина беше искачен знаменитиот и забележителен врв Махија е Маде / Спасенов Рид (2004 м.) по што по самиот срт беа искачени и врвовите Крцунзе и Ливади од каде се пристигна на предвидениот врв Чапарец висок 2119 м. Од тука помала група се искачи и на соседниот повисок врв Грика е Ливадит - 2272 м. Потоа групата се спушти во стрмната долина по остатоци од снежни јазици и снежни лавини до големите и штедри извори на вода во циркот Ујткалар од каде навлезе движејќи се во долината Чапарец каде прескокнувајќи многу препреки од бројните паднати дрвја (урнати од лавините и ветриштата) ги виде и досега непознатите многу бујни и бучни убави водопади на потокот Дагон. Одејќи низ шумовитата долина Чапарец крај потокот Дагон и Грекајска Река, групата ја заврши акцијата назад во селото Грекај. На самиот крај, во рамки на оваа тура се одржа и промоција и на присутните планинари им беше поделен примерок од книгичката - џебна брошура „Записи за Кораб“, посветена на планината Кораб и нејзините (не)откриени врвови, езера, водопади, предели и величествени убавини, која настана како плод на нашиот прв тридневен трансверзален поход со шатори по целиот срт на Кораб во 2019 година. Книгата се состои од 2 дела: Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели и Запис и извадоци од дневникот на поминувањето на првата Корабска трансверзала..

(Слики на: Бобан Китановски, Марко Велковски)


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција