070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

03 Jul

Ѓаволски Мост, Беласица   July 03, 2021 - July 04, 2021   Планинарство

По повод 41 година постоење на Планинарскиот Алпинистички Ориентационен Клуб "Ентузијаст" од Струмица, викендот 03 и 04 јули 2021 година беше исполнет со роденденска планинарска програма на планината Беласица.

ДПС Трансверзалец беше дел од овој прекрасен јубилеј на кој покрај планинските активност за првпат беше поставен железен мост на прочуениот локалитет Ѓаволски мост на планината Беласица.

Мостот беше поставен од страна на планинарите над карпеста провалија длабока 15 метри, на надморска височина од 1.522 метри, историски настан на поставување на мост на преминот наречен Ѓаволски мост.

Со помош на мостот ќе биде овозможено олеснето движење под сртот по целата линија на планината од запад кон исток се до бугарската граница на планината Беласица.

Фотографија на Јоже Карловски и Васе Серафимовски.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција