070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

19 Sep

Поставување челична жици-сајли на патеката за врв Кабаш   September 19, 2021   Планинарство

Во рамки на работната акција одржана на 19.09.2021 беа поставени челични жици - сајли за придржување (и делумна можност за одење со наврска - via ferrata) на 2 делници и тоа: во кулоарот од јужната страна под врвот Кабаш на вертиклен стрмен засек меѓу карпите во должина од 30 метри и на свртувањето за влез во кулоарот од сртот на југоисточниот гребен под Кабаш на закосена стрмнина по хоризонтала во должина од 20 метри. Беше поставен и дрвен столб на самиот срт на гребенот кај свртувањето на кој ќе се постави дрвен патоказ стрелка со натпис Кабаш, а на неколку места по стрмнината со мотика беа ископачени по 20ина метри патека меѓу стрмните бусени трева и камења за да може побезбедно да се стапне на тој предел. Патеката за врвот Кораб, започнувајќи од селото Нивиште, беше и обележана со боја во поголемиот дел, како и расчистена од обраснатост од грмушки, гранки во почетниот дел од селото до течението на потокот Дагон.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Челичната жица-сајла за придржување која е поставена на 2 делници на патеката за искачување на врвот Кабаш на Кораб од јужната страна е со цел за побезбедно искачување, но мора да се користи на сопствена одговорност со исклучително многу големо внимание и огромна претпазливост во движењето по еден човек и е препорачлива за планинари со големо планинарско искуство!!!


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција