070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

24 Sep

„BMUMOC 2021“ - Балканското Првенство во Планинска Ориентација   September 24, 2021 - September 26, 2021   Ориентација

Балканското Првенство во Планинска Ориентација оваа година се одржа во Црна Гора во Вучје, ски центар во близина на градот Никшиќ. Домаќин на ова натпреварување „BMUMOC 2021“ беше Планинарскиот Сојуз на Црна Гора и се одржа во периодот од 24 до 26 септември 2021 година. Дваесет и седум екипи од Словенија, Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија беа дел од натпреварувањето. Планинарската ориентација е ориентационен натпревар на кој се користат топографска карта во размер 1 : 25000, екипите носат планинарска опрема, натпреварувањето е екипно од 3 до 5 члена. Натпреварувањето опфаќа дневна и ноќна трка, решавање на задачи на топографска карта, врзување Чворови, познавање на прва помош и сл. Натпреварувачките категории се поделени на пионерски, јуниорски, сениорски и ветерани. Во вкупниот пласман прво место освои репрезентацијата на Србија, второ место репрезентацијата на Словенија додека третото место го освоија домаќините од Црна Гора. Во оваа прекрасна меѓународна манифестација Македонија се закити со бронзен медал во категоријата Ветерани. Следното натпреварување во Планинска ориентација ќе биде одржано во Словенија.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција