070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

04 Feb

5/12 врва 8 сезона врв Пирамида, Голем Камен   February 04, 2024   Планинарство

Врвот Голем Камен познат и под името Гулина Камен, а во поново време меѓу планинарите и велосипедистите највеќе попознат како „Пирамида“ го претставува претпоследниот врв во најјужниот краен дел на Плаќенска Планина односно на целиот планински венец - масив Бигла на тромеѓето помеѓу Битолско, Ресенско (Преспа) и Железник (Демирхисарско). Се наоѓа на јужниот крај на тревнатиот гол срт со меридијанско протегање, над густите букови гори во кои се криеле македонските комити и партизани во ослободителните движења и борби за Македонија. Веднаш, во права линија на југ од врвот е познатиот превој Ѓавато на патниот правец од Битола за Ресен, додека на исток е прочуеното влашко сега раселено село Гопеш, на запад е ресенското село Златари, на југозапад Сопотско, а на исток познатото и славно мијачко село Смилево, родното место на Даме Груев. Низ густите букови кории до самиот врв води колски пат кој што е многу посетуван од возчите на планински велосипеди, џипови и мотокрос-цикли, а целиот предел е многу посетуван и од берачите на печурки, чај и јагленарите-ќумурџии. Непосредно до врвот има изобилство од извори на вода со познатите извори Дванаесет Кладенци, Горановец и др. Од врвот се пружа прекрасна глетка на величествениот Пелистер и Преспанското Езеро. Планинарската тура и патека за искачување на овој врв ќе започне од битолското село Ѓавато и искачувајќи го врвот ќе заврши во мијачкото демирхисарско славно село Смилево.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција