070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

08 Sep

12/12 Голем Брзовец (2.082мнв), Бистра планина   September 08, 2017 - September 10, 2017   Планинарство

На денот на независноста на Македонија, 8 септември, беше искачен последниот 12 врв за годинашниот планинарски предизвик „12 Врвови“, (Голем и Мал) Брзовец висок 2082 метри на планината Бистра. Околу 50-ина планинари и предизвикувачи од Скопје, Гостивар, Битола и други места во Македонија го започнаа искачувањето од селото Тресонче и движејќи се по шумовит, карпест и наместа многу стрмен терен, каде беа забележани и диви кози, по 4 часа беше искачен врвот Голем Брзовец. Помала група планинари директно се качија на врвот Мал Брзовец, при што на седлото во неговата близина повторно се приклучија на главната група која минувајќи низ долот на Јадовска Река над Селца и висорамнината Суво Поле пристигна во кампот на Селска Ливада кај Галичник, каде беа поделени наградите за сите кои успешно го исполнија и учествуваа на планинарскиот предизвик „12 Врвови“.

Денот беше завршен со мала забава и пригодна закуска, како и огномет над ведрото небо во ноќта. Дел од учесниците останаа да кампуваат во шатори при што следниот ден беше искачен и највисокиот врв на Бистра - Меденица над Галичник, беше извозена и 50километарска велосипедска тура низ повеќе мијачки села, а се спроведе и акција за поставување на маси и клупи за седење на излетници.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција