070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

04 Feb

Врв 5/12: Клепа на Клепа (1150 мнв)   February 04, 2018 Планинарство

img

Во вториот месец во 2018 го искачуваме петтиот врв од Планинарскиот предизвик „12 Врвови“. Одиме да го искачиме врвот Клепа на истоимената планина Клепа, висок 1150 метри надморска височина, во средишниот дел (во срцето) на Македонија. Движиме од селото Подлес (Општина Градско) до врвот Клепа и селото Сирково (Општина Росоман), каде ќе ја продолжиме и еколошката акција со засадување на зимзелени дрвца, а со поддршка и соработка со нашите пријатели од ЕГ Грин Пауер - Велес и Општините Градско и Росоман, ќе има и вкусен ручек за сите учесници.

Почетна точка: Сирково, 07:00 h

Завршна точка: манастир Св. Архангел (помеѓу Г. и Д. Чичево)

Должина на патеката: 18 км

Вкупно времетраење: 7 часа пешачење

Тежина на акцијата: средна. 

Задолжително носење на 2 литри вода и препорачливо носење и употреба на планинарски стапчиња и гамашни.

Поаѓање од Скопје: 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Пријавување и купување карти најдоцна до 03.02 во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот, петок од 19 до 21ч. и на состаноци во четврток од 19:30 Зоран Костадинов - 070 641 998, Марио Шарески - 071 216 066, 

Цена на превоз: 450 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). 

Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција