На 24.02.2018 (сабота) ДПС Трансверзалец Скопје организира искачување на врвот Кобилица 2.528 мнв на Шар Планина.
Карактеристични точки: с. Вејце 1.065 мнв - Кобилица 2.528 мнв
• Времетраење: вкупно времетраење на целата акција е 7 - 8 часа. Искачувањето е од 3.5 до 4 часа во зависност од спремноста на групата.
Стартот е од селото Вејце. Врвот Кобилица е еден од најатрактивните врвови на Шар планина. Атрактивноста ја прави неговата доминантност, тежината и прекрасниот поглед од самиот врв. Кога сте на врвот Кобилица вие сте на средина на Шар Планина.
Поаѓање: 06:00 од паркингот пред Поштата на Железничка станица - Скопје со организиран превоз;
Акцијата спаѓа во категорија тешки акции, се совладува надморска височина од 1.460 метри во зимски услови.
Исхараната е од ранец. Вода треба да се носи задолжително најмалку 1.5л.
Акцијата ке се одржат доколку има најмалку 10 пријавени учесници.
Превозот е организиран со комбиња од Скопје.
Цена: 450 денари
Информации – Зоран Костадинов 070/641-998
Пријави и уплати најдоцна до четврток 22.02.2018 год
Карти за акцијата може да се набават во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот,. и на состаноци во четврток од 20ч.
НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.
- Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.
- Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.
- Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
- Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови.
- Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.