070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

12 May

29-ти, Традиционален Марш на мурато   May 12, 2018 Планинарство

img

На 12 Мај 2018 год. ДПС Трансверзалец ќе се приклучи на 29-от Традиционален марш во чест и слава на Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест. Традиционалниот Марш е во организација на Планинарскиот Спортски Клуб Пелистер.

ПРОГРАМА:

За 29-от традиционален марш Димитар Илиевски-Мурато

МАРШРУТА бр 1:

Инфо-Центар-Палиснопје-Ловечка куќа-Врв Пелистер

12.05.2018 (Сабота)

04:00 ч.Поагање на автобусите од Пошта- Железничка станица, Скопје

07:00 ч.Поаѓање до врв Пелистер-преку Инфоцентарот, Палиснопје и Ловечка Куќа.

12:00 ч.Пристигнување на врвот Пелистер и собирање на сите планинари.

Со пристигнувањето на учесниците на маршот на врвот Пелистер ке се одржи традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато. После читањето учесниците се упатуваат назад кон Инфоцентарот. 

13:00 ч.Поаѓање кон пл.дом Копанки

13.00 ч.Полагање цвеќе на споменикот на Димитар Илиевски во дворот на Копанки, кратка комеморација,поздравен говор,доделување на благодарници, прогласување на најмлад и најстар учесник на маршот и затворање на манифестацијата. 

17.00.ч. Поаѓање на автобусите за Скопје од пред Инфоцентарот

ВАЖНО:

  • Неопходна е зимска планинарска опрема за искачување на н.в.од преку 2500мнв.
  • Учесниците да ги слушаат упатсвата на водичите и да ја чуваат животната средина, да не фрлаат отпадоци
  • Секој учествува на сопствена одговорност и одговара за психофизичката подготвеност. 
  • Пријавувањето е задолжително
  • Цена за превоз: 600 ден. 

ПРИЈАВА 

Карти за превоз може да се набават на редовен состанок на во просториите на друштвото во Четврток на 10.05.2018 од 20 до 21,30ч.

Известување:

За заинтересираните учесници за настанот MARIOVO OFF ROAD EXPERIANCE, постои можност да се приклучат на настанот и на искачувањето на врвот Висока на 13.05.2018 по завршувањето на акцијата на Пелистер. Детали за настанот може да се добијат на состанок во друштвото во Четврток на 10.05.2018 од 20 до 21,30ч.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција