070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

20 May

Повторување Врв 4/12: Гоглин на Козјак (1197 мнв)   May 20, 2018 Планинарство

img

На 20 Мај 2018 одиме на тура по целото планинско било и срт на планината Козјак помеѓу Кривопаланечко и Кумановско на североистокот на Македонија да видиме хидрографски и историски знаменитости во овој предел. Започнуваме од селото П’клиште од каде во кружна насока се спуштаме до прекрасниот водопад Длабочица од каде повторно се искачуваме на планинското било и главниот срт на протегање на планината Козјак и пешачиме до нејизниот најјужен издаден врв Гоглин надвиснат над вештачкото Отошничко Езеро.

Почетна точка: П’клиште, 07:00 h

Завршна точка: Отошница

Должина на патеката: 25 км

Вкупно времетраење: 8 часа пешачење

Тежина на акцијата: средна. 

Задолжително носење на 2 литри вода и препорачливо носење и употреба на планинарски стапчиња и гамашни.

Поаѓање од Скопје: 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Пријавување и купување карти во четврток од 19:30 до 21.30 на редовен состанок во просториите на ДПС Трансверзалец - Скопје. Контакт Марио Шарески - 071 216 066.

Цена на превоз: 450 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). 

Можност за Голема тура (со посета на водопадот) и Мала тура (само врв), при што двете ќе се спојат непосредно пред врвот, каде ќе има потрага по скриеното богатство со што ќе „откриеме“ еден многу занимлив објект и место.

  • Учесниците да ги слушаат упатсвата на водичите и да ја чуваат животната средина, да не фрлаат отпадоци
  • Секој учествува на сопствена одговорност и одговара за психофизичката подготвеност. 
  • Пријавувањето е задолжително

Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција