070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Блог

Биографија на П.Д. Трансверзалец

Планинарство April 29, 2017
img

ДПС „Трансверзалец“ е формиран 1998 година со цел да се доближи и развие планинарскиот спорт во Скопје и Македонија преку квалитет и масовност. Целна група беа младите од градот преку курсеви за ориентација, спасување и алпинизам, водичи, кои ги одржавме во неколку основни училишта.

Основачи беа видни планинари со долгогодишно искуство, и како иницијатори на првата планинарска трансверзала Љуботен - Охрид, искачување на Кораб, маратонот Водно – Матка, маратонот Езерски врвови на Шар Планина.

Прв претседател беше Владо Коцаре, а денес е Костадинов Зоран, а секретар е Ѓекиќ Марјан. Друштвото до 2001-ва година управуваше со домот „Јелак“ кој е запален-срушен. Денес друштвото управува со планинарскиот дом „Смрека“ на Попова Шапка.

Се трудиме да воведеме редовна линија за Попова Шапка од Скопје која сега оди само за викендите во зима. Во 2000-та година ја издадовме планинарската туристичка карта на Средна Шар Планина (600 КБ), и извршивме маркирање на 70% од обележаните планинарски патеки на истата карта. Друштвото се финансира со членарина, со работа на тешко пристапни места (референтна листа – Дуле), спонзорства и донации.

Планинарската туристичка карта на Средна Шар Планина (600 КБ)

Планинарската туристичка карта на Средна Шар Планина

Друштвото беше еден од главните организатори на Балканијадата во Берово 2006 и Струмица 2001 г. Од 2005 година располагаме со минибус ТАМ со 18 седишта.

Главни годишни акции на друштвото се:

  1. Трансверзалата Љуботен - Охрид, крај на месец јули и почеток на месец август
  2. Маратонот Езерски врвови – почеток на месец септември
  3. Планинско-Велосипедска трансверзала „Шарски води“ - почеток на септември
  4. Ориентациони натпревари на Водно на пролет и наесен кога се менува саатот
  5. Зимско искачување на Титов Врв - декември
  6. Трансверзала Кајмакчалан- Кожув, Гевгелија, почеток на месец јули