070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Блог

Признание за животно дело "Даре Џамбаз" за Мијалчо Божиновски

Планинарство December 13, 2023
img
Мијалчо Божиновски, истакнат член на ДПС Трансверзалец - Скопје, по повод Светскиот ден на планината се здоби со највисоко признание за животно дело "Даре Џамбаз". Федерацијата на планинарски спортови на Македонија ја додели наградата на Мијалчо Божиновски за севкупниот придонес во планинарството, обележан посебно со долгогодишното учество, водење и афирмација на Првата Македонска западна трансферзала во изминатите 40 години.
Познат по неговото мото "Планината не се освојува, планината се доживува!", Мијалчо низ годините даде особен придонес за развојот на планинарските спортови. Честитки за признанието и наградата!